Трагедија во семејството на Хурем
Актерката Меријем Узерли која кај нас е позната по улогата на Хурем од серијата „Величенствениот“ , со своите фанови на социјалните мрежи сподели една тажна вест.
Имено, Меријем минатата недела од Берлин допатува во Истанбул за да биде со нејзината баба во последните денови од нејзиниот живот.
Бабата на актерката починала, а таа имала потреба со сите пријатели на Фејсбук да сподели едена емотивна објава:
-Драга моја бабо, мајко на четири деца, жено со изузетна енергија и храброст... Жена со силна волја и топли разбирања, со големо достоинство и голема способност за борба со тешкотиите. Ти си била жена од која можевме многу да научиме, жена која ја поседуваше убавината и гордоста, жена која е скромна и предана на љубовта и посветена на верата и довербата... Ти си жена која заслужува наш восхит, жена која се молеше за нас. Жена која засекогаш ќе биде бо моето срце! Моја драга бабо, почивај во мир. Со љубов Меријем, напишала актерката.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа