Тони Цетински: Тошеееее, ми фалиш!

 

Од почетокот на концертот Тони имаше хорска придружба од публиката која ги знаеше сите негови хитови, а тој се потруди да ги изведе најпознатите композиции "Ако то се зове љубав", "Благо оном ко те има", "Буди уз мене", "Казанова", "Кад жена заволи", "Небо изнад нас", "Човек од леда"... Заедно со Жељко Јоксимовиќ, кој му беше специјален гостин, ја испеаја нивната дуетска "Заблуда", додека "Лагала нас мала" која своевремено ја отпеа со Тоше Проески, овој пат специјално за скопската публика ја изведе со едно момче од неговиот бенд.

Освен со беспрекорниот глас, овој популарен пејач ја воодушеви публиката и со своето играње, шармот и непосредноста.

Но најемотивен момент секако беше изведбата на песната "23 просинац" која му ја посвети на Тоше и на среде песна викна: "Тошеееее, ми фалиш!", а додека пееше на видеобимот одеа фотографии од нив двајца, но и фотографии од познати покојни личности.

Извор: Вечер

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега