Најголеми светски загадувачи се САД, Кина и ЕУ
Преговарачите од над 190 земји денеска во Лима ги обновуваат преговорите за борба против климатските промени под покровителство на Обединетите нации, последна фаза од патот за постигнување спогодба за климатски промени во Париз следната година.
Преговорите, кои напредуваат бавно беа забрзани изминатите два месеци со ветувањата на најголемите светски загадувачи Кина, САД и Европската унија дека ќе ја ограничат емисијата на гасови кои го предизвикуваат ефектот стаклена градина во следните десет до 15 години.
Индија, Јапонија, Русија и Австралија истотака се меѓу главните загадувачите, кои се уште не дале ветувања за новата спогодба за борба против глобалното затоплување.
Владите на земјите во светот се надеваат дека дека пред конференцијата во Париз ќе бидат создадени услови за постигнување нацрт-спогодба, која не успеаја да ја склучат пред пет години во Копенхаген.
Целта е да се намали емисијата на штетни гасови, која според научниците ги зголемуваат глобалните температури. Предизвикот е да се најде начин да се сподели товарот меѓу богатите западни земји и економиите во раст како Кина и Индија, а истовремено да им се помогне на најсиромашните и најпогодените држави да се заштитат од покачувањето на нивото на морињата, сушата и другите последици од глобалното затоплување.
За безбедноста на учесниците во преговорите ќе се грижат над 12 илјади полицајци
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа