Чудо на мостот: Св. Јован му го спаси животот на млад возач

 

За предбожиќната среќа во несреќа во Горна Австрија завчера се погрижи Свети Јован Непомук, римокатолички маченик и светец од 14. век чија гранитна статуа спаси еден возач во автомобилска несреќа.

Драматичниот настан се случил во саботата околу 21 часот кај местото Бухкирхен кога еден 18-годишен возач загубил контрола над автомобилот. Удрил во металната ограда од мостот, чија шипка го пробила ветробранското стакло. Можела да му се зарие директно во грлото и да го заколе, но во моментот врз неа паднала четири тони тешката статуа на Свети Јован. Така шипката запрела неколку сантиметри пред вратот на момчето и останал жив.

-Да не беше светецот, ова парче од оградата како копје би поминало низ момчето - велат пожарникарите кои го спасувале младиот возач од автомобилот.

Ударот на возилото го изместило светецот од своето бетонско лежиште и гопотпрело на деформираната метална ограда и таа спречи трагедија. Камениот чувар на мостот и спасителот на живото во Бухкирхен ќе мора со помош на дигалка да биде вратен на свое место.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега