Постои голем ризик од ширење на еболата
Шефот на мисијата на ОН, одговорна за борба против еболата во Западна Африка, Тони Банбури изјави дека се уште постои „голем ризик“ од ширење на смртоносната болест и во останатите делови од светот.
Банбури одби да каже дали целите, кои ги постави во борбата против ебола, се исполнети.
- Постои голем ризик дека еболата може да се прошири и во останатите делови од светот. Некој би можел да влезе во авион во Азија, Латинска Америка, Северна Америка и во Европа и многу е важно што е можно побрзо случаите да се сведат на нула, истакна Банбури за Би-Би-Си.
Во октомври Банбури изјави во Советот за безбедност на ОН дека од 1 декември 70 проценти од сите оние кои се заболени од ебола ќе мора да бидат под медицински третман, а 70 отсто од починатите да бидат безбедно погребани.
Тој нагласи дека речиси 70 проценти од целите се успешно исполнети во трите најтешко погодени земји од оваа болест - Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија.
Досега од ебола починале 6.000 луѓе, а над 16.000 се заразени. Најновите податоци покажуваат дека од смртоносниот вирус неделно умираат меѓу 200 и 300 лица.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа