ФОТО: Три македонски убавици ќе се борат за финалето на престижниот „Look of the year“
Три македонски убавици ќе бидат дел од светскиот престижен избор за модели „Лице на годината“ (Look of the Year) кој носи голем „багаж“, респектабилност и традиција низ годините.
Првата селекција на модели е веќе направена, а втората ќе се случи денес во Белград, каде ќе се одбере само по една претставничка од сите шест земји на поранешна Југославија.
Веднаш потоа, ќе следи и Светскиот избор што ќе се одржи во Рим во првата недела од месец декември.
Благодарение на Јелена Ивановиќ од International Model Scouting како нејзини долгогодишни соработници и партнери, македонската модна агенција Моделс ИН ја претставува својата земја со три девојки кои ќе се борат за пласман во финалето.
По првата селекција беа одбрани моделите Наталија Стојаноска , Илона Вуковска и Елена Гугоска, кои ќе се борат за влез во финалето во Белград.
Токму под водството на Јелена Ивановиќ и агенцијата „Women“, своите кариери на успешни модели ги градеа и веќе докажаните Мартина Павлоска, Катарина Ивановска и Елена Трајановска.
Она што е особено важно да се напомене, е тоа дека токму на овој избор „Look of the Year“ во 1988 година на ниво на поранешна Југославија, триумфираше топ моделот Надица Георгиева, која потоа изгради интернационална кариера.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа