Жидас Даскаловски: Какво ни е образованието, реформите се преблаги и меки

 

На македонскиот високо-образован систем, но и на основното и средното образование му требаат темелни и суштински реформи. Тие треба да бидат со повеќе дијалог на сите засегнати страни, како што се професорите, студентите, бизнис заедницата. Универзитетскиот Професор, Жидас Даскаловски, во интервју за Прес24, потенцира дека ниедна реформа која е во функција на подобрување на образованието не треба да се стигматизира, априори одбивањето на предлог законски мерки со протести на улица, како и неуважувањето на сугестиите на засегнатите страни без соодветни аргументи е погрешно и непринципелно, вели Даскаловски, професор на Факултетот за безбедност на Универзитетот Свети Климент Охридски во Битола.

-Дека има потреба од зголемување на нивото на знаење на студентите му е јасно на голем број на професори и работодавачи. Промените се добра работа доколку ни нудат подобра иднина. Дури, би рекол дека кај нас при една радикално (лоша) ситуациија мерките од страна на креаторите на јавни политики требаше да се спроведат многу одамна и реформите да се и порадикални. Крајната цел треба да се граѓани со знаења и вештини прилагодени за модерниот свет, луѓе способни за критичко мислење и дискусија, вели во интервјуто за Прес24, Даскаловски.

Даскаловски смета дека отпорот кон реформите во високото образование се резултат на стравот од неопзнатото кај дел од професорскиот кадар, но и општо кон промените. 

-Факултетите кај нас се извонредно конзервативни средини каде наставниот кадар ужива големи привилегии а и извонредни примања на некои од нив како на пример на тие каде се изучува правото или економијата. Стравот е што ако реформата продолжи односно се продлабочи. Многу од кадарот е таму каде што само затоа што во даден момент некој од професорите се согласил тие да му бидат т.н. демонстратор, па асистент, па докторирале и станале млади професори или доценти. Не било битно дали во моментот тој/таа биле најдобри кандидати за тоа место, не било битно дали противкандидатите дошле од Харвард, Оксфорд или Сорбона туку било битно дека професорската каста си има преќутен договор за взаемна подршка. А дека тие професори користат литература од времето на СФРЈ, предавањата им се состојат од читање на сопствени скрипти или истите ги вршат асистентите не беше проблем до пред некое време. По мене какво ни е образованието, досегашните реформи се преблаги, меки, вели во интервјуто за Прес24, Универзитетскиот професор Даскаловски.

Тој потенцира дека гласот на студентите е значаен и  разбирливо е дека тие не би се оптоварувале со нови и од нивна перспектива безпотребни испити и учење. Но Даскаловски препознава манипулација со нив.

-Тие имаат право да се слушне нивниот став, владата и парламентот мора да создадат комуникација со нив. Иако не го знаеме крајното решение, можно е државниот испит да им биде од полза посебно на тие што се заинтересирани да научат и да добијат знаење а не само диплома. Колку што можев да видам досега имаше обиди за манипулирање на студентите од страна на партиски активисти но изгледа дека тој обид е неуспешен, вели Даскаловски во интервјуто

Според него сите анализи покажуваат дека на образованието му се потрбни суштински реформи, особено во начинот на изведување на наставата. Македонските универзитети, вели Даскаловски се единствените во кои се уште “професорите се преправаат дека предаваат, а студентите се преправаат дека активно следат настава по ЕКТС”. Практичната настава која е основата на виосокто образование е непозната категорија за многу факултети.

-Многу од професорите толку и знаат, само теорија, и тоа за некои дури и теорија која одамна ја прегазило времето. Предава менаџмент со човечки ресурси или бизнис администрација, а за биснис знае само од теорија, ниту инвестирал, ниту водел фирма. Правник не знае да напише тужба, не знае да се обрати до судија, политолог не знае како се спроведува изборна кампања, социолог не знае како се прави интервју, се е тоа проблем добро лоциран од владините реформски зафати кои насочуваат кон повеќе практична работа. Но и тоа во моментов само се симулира, пак со чест на исклучоци, вели Универзитетскиот професор, Жидас Даскаловски, кој во интервјуто за Прес24, отоврено зборува за сите слабости на македонскиот високо-образовен систем.

 

ПРЕС24: Идејата за некаков вид на проверка на знаењето во форма на завршен испит, или екстерно тестирање, деновиве ја бранува јавноста. Последните најави од Владата се дека станува збор за државен испит. Каков е вашиот коментар, има или не потреба од ваква реформа во високо-образовниот систем во Македонија?

ДАСКАЛОВСКИ: Секоја суштинска реформа во насока на подобрување на квалитетот на високото образование е за поздравување со тоа што квалитетното креирање политики налага консултации со засегнатите страни како што се професорите, студентите, бизнис заедницата. Генерално земено колку повеќе дијалог и дискусија на чинителите при креирање на јавни политики, како и во врска со овој предлог закон, толку подобри законски решенија и јавни политики ќе имаме. Во овој контекст може да се каже дека априори одбивањето на предлог законски мерки со протести на улица, како и неуважувањето на сугестиите на засегнатите страни без соодветни аргументи е погрешно и непринципелно.  Дека има потреба од зголемување на нивото на знаење на студентите му е јасно на голем број на професори и работодавачи. Квалитетот и знаењата кои се достигнуваат за факултетската диплома, како и за магистериумот и докторатот се, со чест на исклучоци, на едно многу ниско ниво така што реформи се повеќе од потребни, се разбира реформи кои ќе нудат решенија и подобрување на состојбите, а како да се дојде до нив веќе беше споменато.

 

ПРЕС24: Противниците на идејата за државен испит велат дека ова е директно нарушување на автономијата на универзитетите. Може ли да се зборува во таква насока?

ДАСКАЛОВСКИ: На невидено крајно законско решение или јавна политика да се коментира дека постои директно нарушување на автономијата на универзитетите е преуранета работа но веројатноста е голема дека тоа во помала или поголема мерка ќе биде така. Се однесува на сегментот на оценување на студентите кој сега нема да биде апсолутно во рацете на наставниот кадар туку и ќе биде оценет од едно вон-универзитетско тело. Од друга страна пак, кај нас автономијата на универзитетите се сфаќа како некаква апсолутна категорија и тоа во ситуација каде едноставно нема резултати, и во најголем број случаи квалитетот одсуствува. Низ светот реформите на образовниот систем се случуваат постојано. Промените се добра работа доколку ни нудат подобра иднина. Дури, би рекол дека кај нас при една радикално (лоша) ситуациија мерките од страна на креаторите на јавни политики требаше да се спроведат многу одамна и реформите да се и порадикални. Крајната цел треба да се граѓани со знаења и вештини прилагодени за модерниот свет, луѓе способни за критичко мислење и дискусија.    

 

ПРЕС24: Што подрзабира автономија на еден Универзитет? Ве прашувам, бидејќи честопати во Македонија кога станува збор за каква било реформа, со законски измени, протовниците како аргумент го користат моментот, државата сака да ја укине автономијата на Универзитетот?

ДАСКАЛОВСКИ: Автономија на универзитет е поим кој различно се толкува низ светот но во принцип значи дека јавниот универзитет во голема мера самостојно ги одредуваат наставните програми, истражувачките активности, изборот на академски кадар, доделуваат дипломи. До некоја мера исто така и управуваат со финансиите. Автономијата не е апсолутна така што не може да се каже дека некој сака да ја укине автономијата на Универзитетот во Македонија. Промени се чувстуваат ширум светот. На пример, постојат силни тенденции во западниот свет кон едно доминантно капиталистичко гледиште на односите на универзитетите каде професорите постојано се под предизвик да придонесуваат повеќе и повеќе, не само во смисол на наставен процес, не само во смисол на истражувачка дејност, туку и во однос на обезбедување на приходи односно финансии за универзитетот преку добивање на грантови и проекти. Дури, работните места се сврзуваат со успехот во она што на крајот на денот е бркање и добивање на финансии. Студиските програми се обликуваат во насока на потребите на бизнис заедниците, студентите се принудени да плаќаат поголеми школарини, а дипломите не им се гаранција за работно место. Од друга страна има тенденција кој универзитети кои нудат цели програми online, едноставно комуникацискиот напредок го глобализира студирањето. Сакам да кажам дека не може да се држиме кон некаков идеал за автономија на универзитетот кој е недопирлив, и е недопустливо да се менуваат воспоставените односи и пракси. Да имавме успех во однос на квалитетот на образованието, да имавме професори кои објавуваат во светски релевантни журнали и се дел од меѓународно истражувачки проекти, студентите во голем дел да беа обучени и вешти со знаења за брз напредок во кариерата, или пак да излеземе од високото образование, да ни беа резултатите на ПИЗА бар во средината на светските табели, па да кажеме супер, образовниот систем ни функционира, реформа не ни треба. Но вака не. Единствено да бидеме мудри и видиме дијалог и дискусија на сите засегнатите страни како што се пратениците, владата, професорите, студентите, бизнис заедницата за да имаме подобри крајни решенија.

 

ПРЕС24:  Во основата на идејата на Владата и на министерството за образование е да се спречи појавата на купивање дипломи, која во Македонија е се почеста, воедно да се обезбеди и еден вид подобар квалитет во високото образование. Сепак отпор има, пред се од одредени структури во образовниот процес. Каде според Вас лежи причината за ваквиот орпор?

ДАСКАЛОВСКИ:  Покрај суштинското спротиставување заради намалувањето на автономијата во поглед на оценувањето на студентите, за кое што веќе коментирав, претпостаувам дека има голем отпор заради стравот од непознатото, од промените. Факултетите кај нас се извонредно конзервативни средини каде наставниот кадар ужива големи привилегии а и извонредни примања на некои од нив како на пример на тие каде се изучува правото или економијата. Стравот е што ако реформата продолжи односно се продлабочи. Многу од кадарот е таму каде што само затоа што во даден момент некој од професорите се согласил тие да му бидат т.н. демонстратор, па асистент, па докторирале и станале млади професори или доценти. Не било битно дали во моментот тој/таа биле најдобри кандидати за тоа место, не било битно дали противкандидатите дошле од Харвард, Оксфорд или Сорбона, туку било битно дека професорската каста си има преќутен договор за взаемна подршка. А дека тие професори користат литература од времето на СФРЈ, предавањата им се состојат од читање на сопствени скрипти или истите ги вршат асистентите не беше проблем до пред некое време. По мене какво ни е образованието, досегашните реформи се преблаги, меки.

 

ПРЕС24:  Во обид да се  спречи воведување на државен испит на предупредувачки протести излегоа и студентите на скопксиот Универзитет. Многумина сметаат дека тие се изманипулирани. Моето прашање е, што добиваат, а што губат студентите со државен испит?

ДАСКАЛОВСКИ:   Студентите разбирливо е дека не би се оптоварувале со нови и од нивна перспектива безпотребни испити и учење. Тие имаат право да се слушне нивниот став, владата и парламентот мора да создадат комуникација со нив. Иако не го знаеме крајното решение, можно е државниот испит да им биде од полза посебно на тие што се заинтересирани да научат и да добијат знаење а не само диплома. Колку што можев да видам досега имаше обиди за манипулирање на студентите од страна на партиски активисти, но изгледа дека тој обид е неуспешен.

 

ПРЕС24:  Државен испит на Македонските високо-образовни институции постоел во минатото. Како функционираат останатите универзитети во Европа и во светот? Како таму се врши вистинска валоризација на знаењето?

ДАСКАЛОВСКИ:  Има премногу различни видови на високо-образовни институции во светот да може да генерализираме. Американските се се уште најдобро по сите рангирања, а таму на пример за влез на додипломски се полагаат еден вид, а за влез на последипломски друг вид на тестови, а таканареченото liberal arts образование само ве подговува за понатомошнот образование и професионалните школи. Во Бугарија и советскиот систем на пример, докторатот се полага пред две комисии. Да не одам понатаму, ние треба сами да го градиме патот кон квалитетно високо образование земајќи предвид најдобри пракси од најдобро развиени универзитети и земји од светот.

 

ПРЕС24: Како и да е една работа е повеќе од јасана, а тоа е дека македонскиот всоко-образовен систем не генерира доволно добар квалитет. Тоа впрочем како заклучок честопати може да се прочита во разни извештаи. Кои се вашите онцеки за квалитетот на македонскот-високобразовен систем? Каде лежи проблемот? Во поставеноста на наставата, во незаинтересираноста на студентите, или во професорскит капацитет?

ДАСКАЛОВСКИ: Веќе зборував за ова прашање, тука би додал само дека дополнителни реформи се потребни и во основното и средното образовние затоа што квалитетот на новозапишаните студенти со секоја нова академска година е на се пониско ниво. 

 

ПРЕС24:  Што е она што треба да се направи за да се постигне квалитет?

ДАСКАЛОВСКИ: Многу работа и нови реформи. Проблем се и финансиите кои во моментов се издвојуваат од страна на МОН. Проблем е и што на јавните универзитети има различни нивоа на финансирање на наставниот кадар, по која основа на пример професор на правен факултет има три пати поголем плата од тој на технолошки на пример? Средствата за истражување се премали. Обидите за реформа и стандардизација на постигнувањата кои треба да се достигнат за развој на академската кариера на типичен македонски начин се разводнија а примената на ЕКТС системот е карикатура на тоа што е оригиналната идеја.  

 

ПРЕС24:   Болоњскиот процес, кој пред десетина години беше воведен токму во таа насока, да обезбеди подобар квалитет на високото-образование, денеска се покажува како ралативно слаб преокт. Дали, според вас  тој го постигна посакуваниот ефект?

ДАСКАЛОВСКИ:  Не, најмногу затоа што кај нас секој факултет на некој начин функционира толку самостојно како да е универзитет, со разно-разни институти, катедри, и функции, политики и интереси, игри и договарања. Мобилноста на студентите, бирањето на изборни предмети, докторските студии, критичното размислување и дискусија со професорите, се е во голема мера само имитација на баранато, а не реално помрднување од стариот систем. Со чест на исклучоци, во Македонија професорите се преправаат дека предаваат, а студентите се преправаат дека активно следат настава по ЕКТС.

 

ПРЕС24: Најголем дел од факултетите во Македонија се сведени на теоретско предавање по принципот професорот предава, студентот слуша. Тоа е систем кој ретко каде на универзитетите на запад може да се види. Која е причината за недостаток на практична настава?

ДАСКАЛОВСКИ:   Се работи за реформа која не може да се примени преку ноќ. Од една страна многу од професорите толку и знаат, само теорија, и тоа за некои дури и теорија која одамна ја прегазило времето. Предава менаџмент со човечки ресурси или бизнис администрација, а за биснис знае само од теорија, ниту инвестирал, ниту водел фирма. Правник не знае да напише тужба, не знае да се обрати до судија, политолог не знае како се спроведува изборна кампања, социолог не знае како се прави интервју, се е тоа проблем добро лоциран од владините реформски зафати кои насочуваат кон повеќе практична работа. Но и тоа во моментов само се симулира, пак со чест на исклучоци. Очекувам практичната настава постепено да станува нормална појава за факултетите и бизнис заедницата и јавните институции. Проблемот за недостаток на пракса го надополнува генерално слабото ниво на разивање на вештини кај студентите, вештини и знаења сврзани со реалниот живот и професии за кои се образуваат

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега