Панчо закажа матичар

Владимир Блажев познат како Панчо од ДНК, и неговата свршеница Маја, на 22 септември ќе стапат во законски брак. Свадбена веселба ќе има, но следната година.

Не чекаат многу обврски, целосно реновирање на станот во кој живеам, во план ни е да купиме и помало станче. Има уште доста работи кои треба да ги досредиме, па затоа со Маја одлучивме свадбената веселба да ја направиме во март следната година. А дотогаш, секако ќе работиме напорно за да си го направиме семејното гнездо совршено за живеењее, вели хипхоперот, кој заедно со идната сопруга и синчето Андреја на почетокот на септември планира да замине на летување во Шпанија или во Италија, а потоа со заеднички сили ќе се подготват за она што ги очекува.

Пред да почнат подготовките за свадба, и додека трае уредувањето на станот во кој ќе живееме, ќе бидам во Америка. Ќе престојувам три недели. Имам закажано неколку состаноци, но планирам и да прошетам", вели Шорти.

Инаку, двојката е во врска 6 години, а неодамна Панчо ја побара раката на Маја. Тие веќе го имаат и двегодишниот син Андреја.

најчитано сега