Скандинавија се соочува со криза
Идеалот кон кој се стреми секоја земја, во исто време да се има социјална држава и конкурентна економија, успешно го живеат само четири нордиски земји: Данска, Финска, Норвешка и Шведска. Според сите истражувања, тоа се земји во кои е најубаво да си роден и да живееш. Меѓутоа, кризата остави трага и во тој дел од светот, а политичарите и деловните луѓе на скандинавските земји се повеќе се загрижени од прашањето колку нивниот модел на функционирање воопшто е одржлив.
Намалување на бенефициите
Податоците говорат дека во изминатата деценија растот на производството изнесувал 1 отсто, додека во текот на 80-тите години бил 2 до 3 отсто, па се наметна прашањето за одржливоста на големите плати. Карл-Петер Торвалдсон, претседател на шведскиот синдикален конгрес ЛО, смета дека нордиските економии во минатото биле конкурентни токму поради високите плати, бидејќи тие ги принудуваат компаниите побрзо да се менуваат и да мораат да бидат попродуктивни. Ограничувањето на растот на платите, смета тој, ќе спречи некои луѓе да се откажат од големите бенефиции.
Стареење на населението
Падот на производството тој го припишува на поместувањето на структурата на економијата од производството на услугите. На крај сите политичари се согласуваат, десните и левите, дека одговорот е во тоа да работат што повеќе луѓе, што ќе го реши и проблемот со стареењето на населението.
- Она што ни треба е повеќе работни часови во економијата. Ни треба производство кое ќе ни овозможи социјална држава – рече за ФТ Стефан Лофвен премиер на Шведска.
Прашањето на имиграцијата
Тоа вклучува зголемување на старосната граница за одење во пензија, вработување на студенти како и зголемена вработеност меѓу жените и имигрантите. Интегрирањето на имигрантите е посебен предизвик, а се проценува дека оваа и идната година ќе бидат 100.000.
Наспроти проблемите, сите се свесни дека на нордискиот модел, кој почна да се развива во 1980-тите години, кога сите четири земји донесоа закони за социјално осигурување, сепак му се потребни промени, ако сака да преживее.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа