Успешно лансирана нова интерконтинентална нуклеарна ракета
Како што пренесува новинската агенција Тасс, ракетата од типот „булава“ била лансирана од подморницата „Александар Невски“ во водите во близина на полуостровот Камчатка.
„Подморницата изврши тестно лансирање од потопена положба. Сите параметри на летот на ‘булава’ функционираа нормално“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Тој додаде дека боевата глава, која ја носи ракетата, успешно ја погодила копнената цел на полуостровот Камчатка.
Ова треба да биде последниот тест на „булава“ годинава, како што претходно најави официјална Москва. Досега беа извршени неколку пробни испукувања, а некои од нив беа и неуспешни.
Проектилот „булава“ би требало да биде клучниот адут на рускиот нуклеарен арсенал во текот на следните десет години.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа