Sony BRAVIA телевизорите W9 со TRILUMINOS display пристигнаа во Македонија

Новата W серија на BRAVIA HDTV телевизори која беше најавена на CES саемот во Лас Вегас оваа година, сега е достапна и на македонскиот пазар. Создадена за корисниците кои се во потрага по забава во висока дефиниција, W серијата на LED телевизори од Sony нуди уникатна комбинација на иновативни технологии и содржини, со исклучително живописен квалитет на сликата и извонредно аудио.

 

Како новина за 2013 година, W9 серијата има TRILUMINOS екран со LED задно осветлување кое овозможува целосно прикажување на природни и реални нијанси на боите како што се црвената, сината и зелената кои тешко се репродуцираат. Интеграцијата на технологијата квантна точка

 со уникатните технологии на Sony им дава на телевизорите од W9 серијата поширок опсег на бои за поприродна и поживописна слика со зголемено чувство на длабочина. Квалитетот на сликата го надополнува одличното аудио преку звучник со канал долг 1,2 метри поставен во компактна единица скриена позади ТВ екранот, кој репродуцира силен бас и понизок среден опсег на звуци, додавајќи им дополнителен удар и длабочина на акционите филмови, музиката и дијалозите

Покрај тоа што имаат Wi-Fi и технологија за пресликување со еден допир, сите телевизори во W серијата ги користат реномираните Sony X-Reality PRO процесори на слика кои прикажуваат повеќе детали и појасни бои без оглед на изворот на содржина. Оваа серија исто така вклучува и Motionflow XR за порамномерен приказ на динамични сцени со брза акција и игри.

Новите BRAVIA телевизори ќе доаѓаат во пакет со Sony Xperia мобилен телефон. Започнувајќи од 1 јуни до 14 јули, W8 серијата со 47 и 55-инчен екран и W9 серијата со 46 и 55-инчен екран ќе бидат достапни во промотивна понуда „совршен пар“, при што со секој купен BRAVIA W8 или BRAVIA W9 следува Xperia L или Xperia Z кој ќе им овозможи на корисниците целосно да ја почуствуваат моќта на технологијата во најновите телевизори од Sony. Се што треба корисникот да направи е да го допре Xperia паметниот телефон до далечинскиот управувач и со еден допир ќе воспостави безжична врска, пресликувајќи го телефонот на големиот BRAVIA екран за да може да разгледува фотографии и видеа или пак да ужива во игри и апликации. Со пристап до интернет прелистувач и омилените апликации на интернет како Јутјуб, Твитер, Скајп и Фејсбук, Sony Entertainment Network ги трансформира овие телевизори во неверојатна дигитална забава

 

најчитано сега