Протестите пред Центар завршија - советниците излегоа на хамбургер
Спласнаа тензиите пред општина Центар. Демонстрантите се разотидоа, па советниците и на двете советнички групи го искористија моментот за да излезат од општинските бараки и да си купат нешто за јадење. Како што јавува репортерот на Press24 од терен, во моментов тече пауза по која советниците треба да продолжат согласно усвоениот дневен ред. До сега се разгледани само 3 точки, а спорната точка, која ги зовре странстите а е поврзана со измената на урбаниситчкиот план каде се наоѓа црквата Свети Константин и Елена е поставена под број 14.
Според она што може да се добие како неофицијална информација од советниците, седницата најверојатно ќе трае до раните утрински часови