Убив тројца пријатели, за мене нема живот“- возачот на БМВ-то се обидел да се самоубие
Душан Јовановиќ (19), кој минатата сабота со БМВ слета во Дунав и усмрти тројца млади луѓе, вчера се обидел да се убие во затворската болница, сечејќи се со остар предмет над дланките.
Обидот за самоубиство Душан го извршил на денот кога е погребана Анастасија Стајиќ (16), една од жртвите од кобното возење.
-Душан беше во болничката соба на одделението за психијатрија. Го искористи моментот кога во собата немаше никој од медицинските лица и се исече по рацете и тоа пред пациентите со кои беше во просторијата. На нивно барање, реагирале затворските чувари и лекари, по чиј налог Јовановиќ веднаш е пренесен во Клиничкиот центар, каде раните му се санирани, вели за „Блиц“ извор запознат со случајот.
Зорана Вучичевиќ, портпаролка на Управата за санкции за „Блиц“ изјавила дека случајот на Јовановиќ е окарактеризиран како самоповредување и дека тој не е животно загрозен. Таа не сакала да прецизира со каков остар предмет момчето се исекло.
Според неофицијални информации, Јовановиќ се обидел со жилет да ги пресече вените.
-Свесен сум за тоа каква трагедија предизвикав, убив тројца пријатели и затоа за мене повеќе нема живот, наводно рекол Јовановиќ.
Тој во затворската болница е префрлен еден ден откако му беше одреден притвор поради лоша пшсихичка состојба. Проценките на лекарите биле дека тој не е агресивен спрема себе, поради што е ставен во групна соба со други пациенти. Јовановиќ не бил врзан за кревет, што е стандардна процедура кога во прашање се пациенти за кои се проценува дека имаат самоубиствени намери.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа