Досие „Злетово“: Од војник со многу одликувања до трикратен убиец

 

Кариерата на трикратниот убиец од АРМ започнува пред четиринаесет години. Во 2000та се пријавил за служба во АРМ. По направените специјалистички прегледи, и проверките од тројца психолози бил примен на служба во одделот логистика. Манаилов не покажал никакви знаци на растројство, ниту имал емоционални и социјални проблеми.

Во 2001та Манаилов како професионален војник не бил вклучен во конфликтот. Ги извршувал задачите во касарната каде функционирал како логистика.

Од стартот на кариерата во АРМ, според неговите претпоставени успесите се ределе. Често добивал награди и признанија и бил истакнува на редовните смотри како еден од најдобрите припадници. Долго време бил и возач во редовите на армијата.

Позитивните резултати во кариерата го ставаат високо на списокот на војници кои може да учествуваат во мировни мисии. Во април 2012, покрај систематските прегледе кои редовно ги вршеле секоја година му бил направен специјалистички преглед пред да замине во мисија. Ги поминал тестовите со одличен резултат и добил зелено светло. Во јули бил испратен во ИСАФ во Авганистан, каде останува до Јануари 2013. Тогаш Манаилов бил подложен повторно на специјалистиочки преглед. Ниту службата во мировната мисја не влијаела врз него психофизичка состојба. Но, проблемите дома започнале токму тогаш.

АРМ по службен пат од министерството за внатрешни работи е известено дека Манаилов има кривична пријава, не за семејсно насилство туку за претепувањето на љубовникот на неговата сопруга. Анализите во редовите на АРМ резултирале со негово повлекување од стражарската служба со што бил оневозможен да биде во контакт со оружје. Од јуни 2013, до февруари годиунава Манаилов не семеел да извршува работни обврски во кои е вклучено користење на службено оружје. Во март годинава, поради недостигот на кадри, неговиот командант носи нова одлука со која Драганчо повторно се враќа на стражарската позиција. Добива автоматска пушка и оружје. Со огледе на ротацијата во редовите на АРМ, бил на стражарското место и во јули и септември годинава.

Последниот специјалистички преглед врз Драганчо Манаилов бил напревен минатата среда. Ниту тогаш психолозите во воемно медицинскиот центар не забележале промени во психофизичката состојба на професионалниот војник.

Еден ден пред злосторт Манаилов заминал во стрелиштето Краста кај Куманово и ја превзел стражарската смена. Се било под контрола до утринските часови. Војникот редовно известувал за состојбата на терен, а последниот извештај го направи во 5 часот и 15 откако го направил последниот контакт со службата ја искористил можноста кога неговиот надлежен користел пауза и со оружјето в раце побегнал.

Според неофицијалните информации иако имал забрана за користење додека е на стражарска служба Манаилов кај себе го имал мобилниот телефон. Токму повикот кој го примил во утринските часови веројатно јха предизвикал реакцијата.

Кратко по неговото оддалечување колегите пријавиле и кај надлежните служби и во СВР Куманово дека Манаилов предвреме и тоа вооружен го напуштил работното место.

Од Краста кај Куманово се упатил кон родното Злетово. Час и половина подоцна го извршил злосторството, по што и сам си пресудил.

Комисијата која ја формираше министерството за одбрана сега го бара одговорниот за направениот пропуст кој резултираше со тројно убиство и самоубиство. 

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега