Попоски на 15-от Самит на Франкофонијата во Дакар, Сенегал
Утре и задутре министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе ја претставува Република Македонија на 15-от Самит на Франкофонијата посветен на темата: "Жените и младите, вектор на мирот и развојот"
Овој висок форум се состанува на секои две години, а овој пат ќе се одржи во Дакар, Република Сенегал.
Во оваа прилика, на маргините на Самитот, предвидено е министерот Попоски да оствари повеќе билатерални средби со шефовите на делегациите од земјите членки на франкофонскиот свет распространет на 5-те континенти.
Република Македонија е полноправна земја членка на меѓународната организација на франкофонијата од 2006-та година споделувајќи го францускиот јазик и вредностите заедно со преостанатите 76 земји членки и набљудувачи на втората по големина светска меѓународна Организација.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа