МВР: Невозможно е да се фалсификува македонскиот пасош
Невозможно е да се фалсификува патна инсправа која ја издава Министерството за внатрешни работи, велат денес од МВР.
Македонските пасоши од втората генерација се едни од најбезбедните во Европа и неретко служат како пример за останатите земји. Македонската патна исправа има близу 30 заштитни елементи со цел надминување на ризиците од потенцијалната злоупотреба.
Заштитните елементи се поделени во четири категории, почнувајќи од самата хартија, преку заштитата на страницата за личните податоци, па се до заштитата при персонализацијата во машински читливата зона и заштитата при внесувањето наподатоците во чипот од втората генерација.
Ова се дел од заштитните елементи:
-хартија заштитена од хемиски реагенси;
-заштитни конци видливи (сини и црвени) и невидливи (жолти);
-заштитна лента;
-воден знак;
-УВ заштита (мастило);
-кинеграм;
-оптичко варијабилно мастило;
-ласерски перфориран сериски број;
-бар-код;
-ласерско гравирање на податоците и фотографијата;
-вграден безконтактен чип;
-анти-копир елементи;
-тактилен елемент на страницата со податоци;
-PEAK елемент;
-Intaglio латентен imix.
Дополнително, македонската патна исправа може да ја активира само нејзиниот сопственик со што таа се вбројува меѓу најбезбедните во моментов.
Бланко обрасците за патните исправи се изработени во компанија од Германија, која е задолжена и за изработка на еврото. Нарачката се прави според дефинирана и строга процедура, па согласно истата германската компанија мора да ја издаде точната бројка на нарачка за што се води строга евиденција.
Досега во МВР немало никаков проблем, односно ниту недостасувале или пак во моментов недостасуваат оригинални обрасци. Од друга страна од ниту една граница, земја или институција во Македонија и надвор од неа нема пријавено дека некој злоупотребувал фалсификувани обрасци за каква било потреба од кога е започната употребата на биометриски документи во Македонија, односно од 2007-мата година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа