ВМРО-ДПМНЕ јавно го повикува Заев да објави се што има
Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш јавно ја повикуваат опозоцијата и Зоран Заев да не ја замајуваат повеќе јавноста со некакви бомби, туку да излезат и да објават се што имаат.
- ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш отворено и јавно се обраќа до политичкото раководство на СДСМ, до експертот за делење на тендери на своето потесно и пошироко семејство Зоран Заев и до експертот за кирии и луксузни производи и забави Радмила Шекеринска, наместо да ја замајуваат јавноста со некакви бомби, да излезат и да објават се што имаат, ако навистина имаат, се вели во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во остуство на сериозна платформа и нудење на програма со проекти, СДСМ се фокусирани кон водење на негативна кампања, полна со гнев и ширење на омраза.
- ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи со спроведување на својата програма ветена на изборите пред граѓаните. СДСМ очигледно ќе продолжи со манипулации и негативна кампања. Кој за што го бива. Кој за што учел, стои во соопштението.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа