Зошто висат градите?
Постојат многу митови за женските гради, кои се шират по принципот „рекла казала“. Некое се точни, а некои се целосно погрешни.
Затоа, време е да откриете што навистина влијае на убавината на вашите гради, а што не им пречи.
Со годините се опуштаат
Тоа е вистина. Со време лигаментите кои ги држат градите ја губат цврстината и доаѓа до опуштање. Не е тоа чудно, затоа што е природен процес кој им се случува и на другите делови од телото. За време на менопаузата овој процес се убрзува.
Градникот го спречува опуштањето
Не е вистина! Градникот ги обликува вашите гради додека го имате на себе, но не чини апсолутно ништо за одржување на нивната цврстина. Многу жени веруваат дека ако спијат со градник, ќе го намалат опуштањето, но тоа не е вистина. Природата секогаш го прави своетот.
Со вежбање се одржуваат поцврсти
Ниту тоа не е вистина. Секој вежба е добра и правете ја поради здравјето, но не сметајте на тоа дека ќе се сочува бујноста на вашите гради. Зошто? Градите не се составени од мускули, туку од маснотии и затоа со вежбање нема да ги подигнете.
Доењето го забрзува опуштањето
Не е вистина. Неколку истражувања покажале дека доењето на ниту еден начин не го помага опуштањето на градите. Но, бременоста да. Дебелеењето за време на бременоста доведува до затегнување на лигаментите, па кога килограмите ќе почнат да се губат, доаѓа до опуштање.
Пушењето влијате на изгледот на градите
Ова е вистина. Истражување од 2008-та година потврдило дека пушењето допринесува на побрзо опуштање на градите и губењето на цврстината. Пушењето го уништува колагенот, неопходен за цврстината на кожата.
Извор: Вистина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа