Папата пристигна во Турција

 

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска допатува во тридневна посета на Турција, за време на која се очекува воспоставување мостови со исламот и давање поддршка на загрозеното христијанско малцинство на Блискиот Исток.

Папата на аеродромот во Анкара беше пречекан од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, а првата средба ја оствари со претседателот Реџеп Тајип Ердоган во неговата нова резиденција.

Планирано е на вториот ден од престојот папата да замине во Истанбул, каде ќе ги посети верските историски наследства, а ќе разговара и со севселенскиот патријарх Вартоломеј.

Посетата на папата Франциско е голем предизвик за турската полиција, која мора да се грижи за неговата безбедност. Во Анкара се ангажирани 2.700 полицајци, а во Истанбул седум илјади.

Ова е четврта посета на поглавар на Римокатоличката црква на Турција.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега