„Заработувам 200.000 долари за една ноќ“ - исповед на најскапиот жиголо во светот
Хикару Ајзава е млад и атрактивен Јапонец кој својата работа од соништата ја пронашол кај богатите жени. Така, Хикару е најдобро платениот жиголо, не само во Јапонија, туку и во целиот свет.
За само една ноќ, овој маж заработува по 200.000 долари, а “побарувачката” е толку голема, што постојат и листи за чекање, па жените излегувањето со него го сметаат за нешто престижно. Младиот Хикару пак вели дека неговата најниска тарифа е поголема од платата на татко му.
Тајната на неговиот успех е до совршенство разработениот начин на кој жените со него ја поминуваат ноќта, а како што вели тој, сексот не секогаш е задолжителен и се зависи од договорот со клиентките.
“Жените поминуваат време со мене за да ја пополнат емоционалната празнина, а не само поради сексот”, изјавил Хикару. Покрај тоа што жените му плаќаат неверојатни суми за само една заедничка ноќ, тие често му подаруваат и скапоцени нешта.
Извор: Точка
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа