Осум години затвор за двојниот убиец кај Зоолошка
Ѓорѓи Топаловски, обвинетиот за двојното убиство што се случи пред седум години во близина на Зоолошката градина во Скопје, е осуден на осум години затвор. Како што пишува Макфакс, пресудата била соопштена без присуство на обвинетиот и неговиот бранител бидејќи Топаловски не бил спроведен од затворот.
Топаловски е осуден за кривичното дело „убиство во миг“, а според судијата убиството го сторил во афектна состојба која што ја предизвикале жртвите.
Оцени ја веста
28.11.2014 - 10:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа