Нокаут подготвуваат спектакл во Универзална
Годинава беше особено значајна за Нокаут. Покрај тоа што оженивме дури тројца од бендот, а еден стана и татко, го издадовме и нашиот трет студиски албум "ТРИ". А, најдобар начин да ја заокружиме оваа успешна година е тие емоции да ги споделиме со нашите фанови на еден голем концерт, велат момците од групата.
Овој пат, се одлучија за поинтимна средба- unplugged концерт во Универзалната сала, кој ќе се одржи на 17 декември во 20.00 часот.
-И овој пат вокална поддршка ќе добиеме од нашите драги соработници Игор Џамбазов и Владимир Поп Христов - Мио. Но, гостинската екипа сега добива и засилување, а тоа се легендите на македонската рок сцена - LAST EXPEDITION, како и нашиот хип хоп организам Тони Зен, информираат Нокаут.
Картите, кои ќе бидат во ограничен број, ќе бидат пуштени во продажба од 1-ви декември.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа