Му купиле БМВ иако немал дозвола па однесе три животи во смрт

Иако возачот на БМВ-то со кое згаснаа три животи откако влетаа во Дунав, 19-годишниот Душан Јовановиќ, се смета за единствен виновен за несреќата која го зави регионот во црно, сепак голем брот стручњаци сметаат дека главната одговорност лежи кај неговите родители кои му купиле луксузен автомобил иако немал возачка.

Како што пишува српскиот Курир, се поставува прашањето зошто на својот син му купиле автомобил иако немал дозвола, а воедно претходно имал и 27 прекршочни пријави, и 8 пати бил фатен како вози без дозвола.

- Дури и да го купил автомобилот без нивно знаење, требале да го спречат да го вози. Му овозможиле да вози иако немал дозвола. Тоа е како да му дале пиштол и да му дозволиле да пука, велат српските стручњаци.

Момчето без дозвола возело од својата 15 година. 

Иако во медиумите излегоа овие информации, мајката на Душан вели дека немал ни една, а не 27 пријави.

Кобната несреќа се случи во петокот во 3 часот и 50 минути кога згаснаа три млади животи, на Анастасија СТајиќ, Немања Антиќ и Милош Јанковиќ.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега