Мобил Фестивал 2014

Во Скопје од  денеска до 29 ноември ќе се одржи петтиот Интернационален фестивал за филмови снимени со мобилен телефон Мобил Фестивал 2014.

Во Младинскиот културен центар денеска ќе се одржи работилница „Нов бизнис модел за дистрибуција на независни филмови“ што ќе ја води Nawid Sarem, проект координатор од Eye On Films, од Франција. Овој нов бизнис модел ги промовира дебитантските филмови и новите автори преку заедничка промоција на филмски фестивали и во медиумите од страна на локалните дистрибутери. Работилницата е поддржана од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Од 18 часот ќе започне проекцијата на филмови снимени со мобилен телефон, која ќе продолжи и утре. Во сабота ќе бидат доделени овогодишните награди и ќе бидат прикажани досегашните победници на Мобил фестивалот. 

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега