Многу вино забава и музика - стартува Винскиот фестивал 2014

Во Метрополис арената на Скопски саем вечер почнува Винскиот фестивал 2014. 

Манифестацијата четврта година по ред ја организира Групацијата ЕРА. Оттаму најавуваат одлична забава со „Дивље јагоде“, Симон киселички – трио, „Нокаут“, Аренси бенд и атракцијата „Хавана микс“ од Куба која ќе настапува сите три дена.

Посетителите ќе можат да уживаат во вкусот на околу 200 различни вина од домашните винарии, но и да пробаат странски, пред се италијански вина. 

- Фестивалот почнува во 19 часот, со свирка на „Деј оф“. По нив се Кубанците „Хавана микс“ кои ќе изведуваат светски хитови, но и традиционална, етно музика. Вечерта завршува со „Дивње јагоде“. Во петок е Симон Киселички со своето трио, повторно „Хавана микс“ и Нино Величковски со Алтан оркестарот, додека во сабота, на завршната вечер, настапуваат Аренси бенд, „Хавана микс“ и „Нокаут“, информира проект менаџерот на Винскиот фестивал Иво Ивановски.

Влезниците чинат 100 денари, а чашите за вино ќе се продаваат за 50 денари.

 

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега