ВМРО-ДПМНЕ: Пратенички прашања посветени на проблемите на граѓаните

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Собрание на Република Македонија посветена на пратенички прашања, која ќе се орджи во утрешниот ден, ќе учествува со поставување на прашања од страна на 21 пратеник.

Пратениците на оваа седница ќе го искористат правото да постават прашања на актуелни теми кои ги допираат интересите на граѓаните од локално и национално ниво.

Прашањата кои ќе бидат поставени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ произлегуваат од директните средби и посети по населени места, како и од средбите со граѓани кои што пратениците ги прават во своите Локални канцеларии за контакт со граѓаните.

- За таа цел, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да одржува редовни средби и комуникација со граѓаните бидејќи сметаме дека тоа е најдобриот модел според кој ние како пратеници можеме да ги информираме и да ги доближиме проблемите на граѓаните до претставниците од институциите и до Владата на Република Македонија, се вели во соопштението.

Оттаму посочуваат дека одговорите кои се добиваат од страна на министрите на овие седници, се пред се одговори кои ги добиваат граѓаните кои што дале забелешка или се пожалиле за некаков приоблем кај некој пратеник.

- Во досегашната практика многу граѓани од различни општини и на различно теми добиле одговори, препораки или решенија за проблемите со кои што се соочуваат, што впрочем е и обврска на пратениците, да ги бранат и застапуваат интересите на граѓаните. Се надеваме дека и на оваа седница посветена на пратенички прашања голем број на граѓани ќе ги слушнат и ќе бидат информирани за многи теми за кои што покажале интерес, велат од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега