Фатен крадец кој оперирал низ Струга
Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 20-годишниот В.Ш. од струшкото село Делогожда поради основано сомнение дека извршил осум кривични дела кражби и тешки кражби.
Како што соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот извршил две кражби и шест тешки кражби во Делогожда во периодот од мај до ноември годинава.
- Во куќите влегувал откако ќе ги забележел сопствениците како заминуваат на работа. Тој се качувал на терасите и насилно ги отворал балконските врати. Знаејќи дека во куќите нема никој или дека сопствениците се во странство, пријавениот ги оштетувал решетките од прозорците на приземјето, го кршел стаклото и влегувал. Ги пребарувал собите и одземал пари, златен накит како и други вредни предмети, вели Димоски.
Одземениот златен накит, В.Ш. го продавал во неколку златарници во Струга по што, парите ги трошел во казина и за свои лични потреби.
Од извршените кражби и тешки кражби, тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 500 илјади денари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа