Пет деца загинаа во пожар во Тексас
Во пожар, кој зафати една монтажна куќа во градот Една во Тексас загинаа пет деца, соопштија денеска локалните власти.
- Кога пожарникарите стигнаа на местото на несреќата, веќе беа изгорени 60 до 75 отсто од монтажната куќа, во која живееше семејството, изјави шефот на противпожарната бригада Ник Страус.
Шестмина пожарникари влегоа во куќата за да ги пронајдат децата, но мораа да се повлечат, откако покривот делумно се урнал, а подот почнал да пропаѓа.
Имињата на децата не се објавени, но станува збор за две девојчиња на возраст од пет и шест години и за три момчиња на возраст од девет, 13 и 15 години, додаде Страус.
Родителите на децата Џон Хернандез (30) и Анабел Ортиз (32) стоеле по доаѓање на противпожарната екипа пред нивната куќа, а со нив било нивото шесто дете.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа