Вицешампионката со „Тажна песна“ триумфираше на МАРС 2014
Вчеравечер се одржа седмото издание на Македонскиот радиски фестивал – МАРС 2014 во Универзална сала – Скопје, која традиционално и овој пат се јавува како продуцент и организатор на фестивалот, кој финансиски е поддржан од град Скопје.
Водителската двојка во состав Ване Маркоски и Марија од „Бекстејџ“ се покажаа како добитничка двојка која одлично си ја заврши својата работа. На сцената во Универзална сала настапија Биба Додева, Кристина Арнаудова, Тајзи, Викторија Лоба и Дексо, Јоце Панов, Сара Мејс, Бета Хаус, Влатко Лозановски, Димитар Андоновски, Тамара Тодевска.
Најголем аплауз и овации доби Даниел Кајмакоски кој настапи со песната „Лисја есенски“ и ја прими нaградата за Идол на нацијата.
За Апсолутен радиски хит беше прогласена песната „Тажна љубов, среќна песна“ на Тамара Тодевска која се најде на најголем број на листи со највртени македонски хитови испратени од вкупниот број ( над 40) радостаници од цела Македонија. Тамара добива плус парична награда од 60.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година исклучиво за свој солистички концерт.
За категоријата Најдобар текст на песна од 15-те финални песни како и секоја година гласаа новинарите од печатените медиуми и интернет портали кои ја третираат естрадата, и македонската забавна музика, а наградата отиде во рацете на Игор Џамбазов. Авторот на текстот на песната „Тажна љубов, среќна песна“ добива парична награда од 10.000 денари.
За Радиски хит во 2014 год. според Изборот на фановите (публиката) беше прогласена „Мандарина“ на Влатко Лозаноски која беше една од 10-те финално пласирани песни за која фановите на фан страницата на МАРС 2014 на Фејсбук кликнаа најмногу лајкови. Песната беше изведена на МАРС 2014, а Лозано добива парична награда од 30.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година исклучиво за свој солистички концерт.
Извор: Вистина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа