Македонија дел од програмата “Европа за граѓаните” вредна 229 милиони евра на ЕУ

 
Над 229 милиони евра од програмата Европа за граѓаните на Европската комисија, што ќе бидат достапни во следните седум години, од денеска се отворени и за проекти на невладини организации и претставници на локалната самоуправа од Република Македонија.
 
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, амбасадорот на Македонија при Европската унија, Андреј Лепавцов, со генералниот директор на Директорат за комуникации при Комисијата Грегори Полгер, денеска го потпишаа договорот за учество на нашата земја во новата програма на неформалната Влада на Европската унија.
 
„Европа за граѓаните е продолжение на програмата што и досега го носеше  ова име, а во која Македонија досега успешно учествуваше, со одобрени над 60 проекти, во кои со влезен билет од 66.000 евра (од кои макеоднската Влада плати само 9.000 евбра), носители на проекти или партнери на организации од Република Македонија добија над три милиони евра од Унијата.
 
Поради големиот интерес на граѓанските здруженија и претставници на локалната самоуправа од нашата земја за учество во новата програма Европа за граѓаните, македонската Влада донесе заклучок за пристапување на Република Македонија кон истата програма. Притоа, како и во изминатиот програмски период, така и во периодот 2014 – 2020 година, влезниот билет за Македонија изнесува 15.000 евра за да може да се аплицира за проектите со вкупен бџует од 229 милоиони евра. Притоа, дури и средствата за влезнио билет, продолжуваат да бидат кофинансирани со средства од ИПА-2 програмата на ЕУ за Република Македонија.
 
Според информациите од Европската комисија, за периодот од 2007 до 2013 година, Македонија успешно учествувала во 11 програми на ЕУ, при што со вкупно уплатени три и пол милиони евра за влезни билети, земјата инкасирала речиси 40 милиони евра во проекти од страна на Унијата.
 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 20:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега