Сите што ќе патуваат во Русија ќе даваат отисоци од прсти

 

Почнувајќи од 10 декември, сите што ќе патуваат во Русија со виза, ќе даваат и отисоци од прсти, се наведува во новиот указ потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.

Предлогот за воведување обврзно земање на отисок од прсти го даде руското Министерство за надворешни работи како одговор на планираната мерка од Брисел за земање отисоци од прсти на Русите кои ќе патуваат во земјите од ЕУ од следната година.

Оваа задача ќе ја извршува Министерството за надворешни работи во соработка со Сојузната служба за безбедност, се наведува во документот објавен на интернет страницата на Владата.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 19:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега