Спасувачите тврдат: „Децата што се спасија скокнале додека автомобилот паѓал во Дунав“

Автомобилот кој во саботата рано наутро летна во водите на Дунав, полициските спасувачи го пронашле на околу 15 метри од местото каде што летнал.

- Сите врати и прозори на автомобилот беа цели. Веруваме дека Душан Јовановиќ, Лука Вишњиќ и Милица Јокиќ се спасиле додека автомобилот се уште паѓал во водата. Душан скокнал од вратата на возачкото седиште, Лука од совозачкото, додека Милица која седела на задното седиште во средина при ударот летнала на предните седишта и така се спасила. Вратите под притисок на водата потоа се затвориле, посочиле спасувачите.

Еден од спасувачите од задното седиште ги извлекол телата на Немања Антиќ и Анастасија Стајиќ.

- Знаевме дека таму е и телото на Милош Јанковиќ кој беше во багажникот. Тој очигледно доста се борел за својот живот, бидејќи со ударите го искршил задното седиште, додале спасувачите.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега