Јеменските сили за безбедност ослободија осум заложници на Ал Каеда

 

 

Јеменските сили за безбедност ослободија седум јеменски заложници и еден странец, држени во заробеништво од Ал Каеда во Јемен. 

Според властите ослободувањето е извршено со специјална операција, но не се објавени информации кога и каде е спроведена операцијата. Исто така, не е објавен ниту идентитетот и националноста на ослободениот странец. 

Седум борци на Ал Каеда се убиени за време на операцијата, во која е повреден и еден член на јеменските сили за безбедност.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега