Одел од куќа во куќа и убивал - во злетово убиен и инспектор на Пазарна

Најверојатно добро планирано било тројното убиство кое утрово ја потресе Македонија. Според информациите кои ги објави Телеграф, убиствата се случиле во оддрелни куќи во Злетово. Најпрво, професионалниот војник, 40 годишниот Драган Манаилов утово околу 7 часот го убил 50 годишниот маж Методи М. кој бил инспектор во Државниот пазарен иснспкторат.
Потоа осомничениот заминал кон куќата на одителите на неговата сопруга.
Таму ги убил Илија М. (65) и Јана М. (63) по што се дал во бегство.
Неофицијални информации велат дека Драган веќе имал започнато бракоразводна парница со својата сопруга. Токму таа најверојатно и го пријавила случајот во полиција. Според информациите и таа била во домот на нејзините родители кога се случило убиството но во друга соба.
Драган се дал во бегство и полицијата се уште трага по него.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега