Професионален војник на должност ги убил трите лица во Злетово

Четириесетгодишниот професионален војник Драган Маноилов, според првичните информации, е осомничен за тројното убиство што се случи изутринава во Злетово во близина на Пробиштип. 

На местото на убиството и околината присутни се засилени полициски сили, кои се уште трагаат по осомничениот за кој не се знае дали е вооружен. Маноилов во време на убиството бил на службена должност

Инаку, убиени се двајца повозрасни мажи и една жена односно како што јави дописникот на МИА од местото на настанот се работи за таткото и мајката на неговата сопруга и за уште едно непознато машко лице. 

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова изјави дека во моментот во врши увид од страна на основен јавен обвинител и екипи на СВР Штип.

Повеќе детали полицијата најавува во декот на денот.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега