Го искористив моето тело за патот кон славата - Поранешна зајачица проговори за сексот во Плејбој вилата

Поранешната Плејбој зајачица Кендра Вилкинсон нема проблеми со срамот и секогаш кажува се што ќе помисли. Така овој пат проговори за тоа како преку Плејбој вилата стигнала до слава.

Познатата русокоса проговори за сексуалните односи со 88-годишниот Хју Хефнер:

- Ме замоли да станам една од неговите Плејбој зајачици. Не знаев за што точно се работи, но прифатив. Тогаш живеев во најмалиот и најгрдиот стан што постои и имав многу проблеми. Се молев некој да ме извлече оттаму, изјави Кендра.

- Не знаев дека и сексот е вклучен. Тој само ќе прашаше „сакаш ли да одиме горе на катот“ и тоа беше тоа. Јас имав 18, а тој 78 години. Не бевме присилени да имаме секс со него, тоа беше наш избор, додаде таа.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега