Средба на министерот Цветков со босанскиот министер Тучиќ
Македонија и БиХ треба да ја продлабочат досегашна соработка во областа на земјоделството и трговијата со земјоделските производи, оценија денеска на билатерална средба министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и босанскиот министер за надворешна трговија и економски односи Борис Тучиќ.
Двајцата министри договорија да организираат бизнис средби за директно запознавање на компаниите и продолжување на традиционалната деловна соработка.
На средбата беше потпишан и Протокол за меѓусебно признавање документи издадени од акредитирани лаборатории за храна и храна за животни меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ.
Протоколот со кој се обезбедува основа за признавање на резултатите и други пропратни документи што ќе придонесе за олеснување на трговијата со храна меѓу двете земји, го потпишаа министерот Тучиќ и директорот на агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа