11 лица повредени во големиот пожар кој беснееше во Чаир
Најмалку 11 лица се повредени, а шестмина се хоспитализирани по денешниот пожар во зграда во скопски Чаир. Сите се надвор од животна опасност.
На Детската клиника биле примени четири деца на возраст од 9 месеци до 9 години кои, според последните информации, се исто така надвор од животна опасност. Децата заедно со нивната мајка допатувале од Турција во посета на роднини во Скопје.
- Поголемите братчиња на возраст девет и шест години на беа стабилни, додека другите две беа во една таканаречна сопорозна состојба. Ги ставивме веднаш на кислород. Почнавме со третирање со течности, со инфузија и се што треба. Брзо се опорави и сестричката, а бебето сега го исклучуваме од кислород, изјави директорката на Клиниката Аспазија Софијанова.
Еден од пациентите кој се здобил со изгореници е хоспитализиран на Клиниката за токсикологија, а неговата здравствена состојба е стабилна. Пациентот кој се здобил со исеченици е хоспитализиран на Клиниката за хируршки болести „Свети Климент Охридски“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа