Претседателската кампања во Хрватска ќе биде скромна поради економската криза

 

 

Откако претседателските изботи во Хрватска официјално беа закажани на 28 декември, кандидатите се подготвуваат за кратка предизборна кампања, која ќе почне на 8. декември и ќе заврши на Божик, објави загрепскиот весник „Јутарњи лист“.

Иако кампањата неформално почна пред неколку месеци за главните кандидати - актуелниот претседател Иво Јосиповиќ и кандидатката на опозициската Хрватска демократска заедница Колинда Грабар-Китаровиќ, официјалната кампања ќе трае само 16 денови и ќе биде прилично поскромна од претходните поради економската криза.

 

Јосиповиќ планира митинзи во четирите најголеми хрватски градови - Загреб, Риека, Сплит и Осиек, а во другите градови предвидени се трибини. Актуелниот хрватски претседател ќе биде присутен и на социјалните мрежи, а ќе учествува и во три телевизиски дебати.

 

Предизборниот штаб на Грабар-Китаровиќ се уште не открива детали за кампањата, освен дека е планирано да потроши осум милиони куни (околу еден милион евра) за првиот круг и уште 1,6 милиони куни за вториот, колку што е предвидено со законот.

Владата одлучи победникот во првиот круг да добие еден милион куни (околу 130.000 евра). На минатите избори сите кандидати што освоија над 10 проценти од гласовите добија 250.000 куни, а Јосиповиќ и Милан Бандиќ, кои влегоа во вториот круг добија уште по 250.000 кини.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 16:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега