Сите трошоци за операција на деветгодишната Тамара на товар на МЗ и ФЗОМ

Сите трошоци за изведување на седмиот по ред оперативен зафат во странство врз деветгодишната Тамара Димовска од Велес која има проблем со искривување на рбетот, ќе бидат целосно покриени од страна на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Центарот за интервентна кардиологија во рамки на Клиничката болница во Тетово.

- Досега биле изведени шест оперативни зафати, но било утврдено дека е потребен и седми поради што тој ќе биде изведен во странство, а сите трошоци ќе бидат целосно покриени од страна на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, додаде Тодоров. 

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 15:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега