Силен земјотрес ја погоди Индонезија
Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска поморското подрачје 150 километри северозападно од островот Теренте, во рамки на Молучкиот архипелаг, соопшти американскиот Геолошки институт.
Земјотресот се случил на длабочина од десет километри.
Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека засега не е издадено предупредување за цунами.
Молучките Острови во саботата ги погоди земјотрес со интензитет од 7,3 степени.
Оцени ја веста
21.11.2014 - 14:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа