19 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор: Оригиналот е загубен

Со Дејтонскиот мировен договор официјално е завршена три и полгодишната војна во Босна и Херцеговина.

 

Договорот парафиран на 21 ноември 1995 од страна на тогашните претседатели на БиХ, Алија Изетбеговиќ, на Хрватска, Фрањо Туѓман и на Србија, Слободан Милошевиќ.

 

Со договорот парафиран во воена база во Дејтон по тринеделни мачни преговори со посредство на САД, БиХ е поделена на два ентитети - Федерација БиХ и Република Српска.  Милошевиќ, Туѓман и Изетбеговиќ официјално го потпишале три недели подоцна, на 14 декември 1995 година во Париз.

Сите тројца потписници денес се починати. Почина и авторот на Дејтонскиот договор, американскиот дипломат Ричард Холбрук.

Холбрук, кој се смета за главен архитект на договорот, во октомври 2005 година во Сараево рекол дека Дејтонскиот договор ја запре војната во БиХ, но дека во него има и некои грешки, кои главно произлегуваат од неговото неприменување.

Последниве години дел од политичарите во БиХ и меѓународни претставници и институции укажуваат на потреба за ревизија на Дејтонскиот договор. А сепак, оригиналот од документот е изгубен.

 

Дејтонскиот договор требаше да ги регулира односите според Повелбата на ОН, Завршниот документ од Хелсинки и други документи на ОБСЕ со меѓусебно почитување на суверенитетот и решавање на споровите на мирен начин.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега