Плоштадот во Скопје е зафатен - прославата на Нова Година на друга локација
Бидејќи плоштадот оваа година е градежна зона, Скопје, централната прослава за Нова Година ќе ја организира пред порта Македонија. Најверојатно, за одржување на забавата ќе биде затворена улицата пред Собранието.
Ова е прв пат пречекот на Новата Година да се одржи на друга локација.
Од Градот се уште не откриваат кој ќе ги забавува скопјани за најлудата ноќ.
Оваа година се уште се избира и фирмата која ќе го украси главниот град. Минатите години за оваа намнеа се трошеа околу 150.000 евра, а украсувањето го вршеше компанијата Линк Медиа Плус
Оцени ја веста
21.11.2014 - 10:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа