Петмина мртви во престрелка во Сиетл
Настанот се случил околу 9:30 часот откако полицаецот одговорил на телефонски повик на 911 во близина на Пајнвуд апартменс каде што било пријавено истрели на огнено оружје.
„Кога пристигнавме слушнавме многу истрели, а добивавме и многу повици на 911“, вели Шрок.
Откако пристигнала полицијата, биле забележани две повредени лица на паркингот, кои посегнале по оружјето додека полицијата се доближувала. Пред да пукаат, едниот од нив бил застрелан од полицијата. Другиот веќе бил мртов, а покрај него пронајден е уште еден мртов. При претресот на комплексот се пронајдени мртви тела на уште еден маж и една жена, за која полицијата смета дека била застрелана случајно. Според полицијата, засега нема очевидци на инцидентот и никој не е приведен. Засега имињата не се објавуваат, а не се познати ниту причините за престрелката.