Грција: Деца со пречки во развојот се чуват во кафези

Еднo од овие деца е Џени, кое бледо гледа низ решетките на својот дрвен кафез. Kога ќе се отвори вратата од кафезот, таа скока во рацете на медицинската сестра, но на слобода е само неколку минути. Џени не се буни бидејќи тоа за неа е единствениот живот што го знае. Во кафез е од својата втора година. Таа е сместена во државниот дом во Лехаини, мал град на југот на Грција. Со неа во домот има уште 60 деца кои исто така се сместени во кафези.

Лицата со хендикеп се често стигматизирани во грчкото општество и ретко ја добиваат потребната помош, пишува Би-би-си, а пренесува порталот е-Магазин.

Сепак, она што е скандалозно е тоа децата со пречки во развој, а кои живеат во државните домови, деновите ги поминуваат во кафез бидејќи тоа е единствениот начин да ги контролираат.

Медицинскиот персонал се обидува да ги подобри условите за овие деца, но без пари тоа едноставно не е можно.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 15:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега