Поплави и во Косово- неколку села под вода

Во последните 24 часа голем број куќи и подруми во неколку села во општината Клокот се под вода поради обилните врнежи кој го зафатија Косово. Се уште не е познато колкава е штета од невремето.

 

Моментално не паѓа дожд во Косово и водата започна да се повлекува, но доколку продолжат врнежите, се закануваат нови поплави, пренесува РТС.

 

Реката Биначка Морава се излеала и поплавила неколку земјоделски посеви. Жителите на селата во општината Клокот веќе ги евакуираат домашните животни.

 

Поради поплавите формиран е и Кризен штаб во опшина Клокот, како и Комисија за проценка на настанатите штети.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега