Бесими се сретна со амбасадорот на Косово во Македонија Хиса

 

Денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими одржа средба со Амбасадорот на Република Косово во Република Македонија, Н.Е. Илбер Хиса

За време на средбата се разменија мислења и се даде осврт на преземените мерки и активности од страна на Владата на Република Македонија во евроинтегративниот процес, посебно во делот на активностите од Пристапниот дијалог на високо ниво,  како и во делот на унапредување на добрососедските односи.

 Вицепремиерот Бесими го поздрави постигнатиот договор меѓу Косово и Србија со посредство на Европската Унија при што подвлече дека овој договор ќе придонесе за унапредувањето на Евро-атлантската перспектива на сите земји од регионот. 

Соговорниците ја искажаа важноста за напредокот на двете земји во евроинтегративниот процес и со цел понатамошно унапредување на  истиот изразија подготвеност за продлабочување на досегашната билатерална соработка и нејзино интензивирање преку размена на искуства во делот на евроинтеграциите. 

 

 

најчитано сега