Денови на хрватска книжевност во Македонија

 
Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје денеска и утре ќе се одржи манифестацијата „Денови на хрватска книжевност во Македонија“.
 
Манифестацијата ќе понуди книжевна средба со хрватски автори и претставување на творештвата на авторите Бранко Чегец, Хелена Саблиќ-Томиќ и Владимир Стојсављевиќ, како и изложба на книги со стотина дела ​од хрватски писатели преведени на македонски јазик​ и објавени во Македонија по 1990 година. Ќе се одржи и трибина на тема „Современи македонско-хрватски книжевни релации и модели на пласман и афирмација на македонската и хрватската книжевност во други средини“.  
 
Манифестацијата „Денови на хрватската книжевност во Македонија“  ја организираат Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Националната и универзитетска библиотека од Загреб, кои ќе потпишат меморандум  за соработка.
 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега