Tрговијата на Албанија со Србија расте, независно од политиката

Трговската размена меѓу Албанија и Србија во 2013 година достигнала 170 милиони долари, од само 30 милиони долари, колку што изнесувала во 2007 година, јави дописникот на МИА од Тирана.

- Независно од тоа што политичките односи, формално, биле заладени, во одредени пероди и замрзнати, трговската размена, се чини препознавала само раст, констатира весникот „Шќип“ повикувајќи се на податоци на албанскиот Институт за статистика.

Албанија од Србија увезува електрична енергија, прехрамбени артикли, хемиски производи, градежни и метални производи, додека во Србија извезува главно зеленчук, потоа градежни и метални производи, како и електрична енергија, при исклучително поволна хидролошка состојба на каскадата на реката Дрим, која им ја продава на српски компании кои доминираат на енергетскиот пазар.

Освен енергија преку далноводот Белград-Подгорица-Албанија, друг многу значаен увоз што Албанија од Србија реализира е оној на отпад (старо железо) кој се топи во фабриката во Елбасан. Понатаму голем увоз се забележува кај групата прехрамбени артикли, пијалаци и тутун.

Во 2007 година, Албанија од Србија увезла прехрамбени артикли во вредност од 346 милиони лека (3,4 милиони долари), додека во 2013 година увозот достигнал вредност од 4,8 милијарди лека. Албанија од Србија обезбедува и големо количество жито. Лани увезено е српско жито во вредност од 2,9 милијарди лека или 81 илјада тони, што претставува една петина од вкупниот увоз на жито што годишно го прави Албанија.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 19:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа