Проверете дали утре ќе останете без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Бутел, Илинден и Карпош.   

Во периодот од 8:30 до 14:30 часот, без струја ќе останат корисниците од село Љубанци, во периодот од 9:00 до 13:00 часот, корисниците од селата Миладиновци, Дељадровци, Текија, Грушино, Мршевци, Бујковци и Бучинци, а во периодот од 9:30 до 15:00 часот, дел од корисниците од улиците Нерешка и Теодор Синаитски, како и корисниците од ул. Лазар Ѓелов во Општина Карпош. 

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 17:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега